Emel Öz Gözellik
06 Февруари 2019•Ажурирај: 06 Февруари 2019
АНКАРА (АА) – Бројот на лица што ги загубија животите како резултат на попуштањето на браната за отпадоци на рудник во провинцијата Минас Жераис во Бразил, се зголеми на 142 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Агенцијата за цивилна одбрана на Минас Жераис, споделено преку социјалните мрежи, се истакнува дека како резултат на попуштањето на браната за отпадоци во Брумадињо на 25 јануари, бројот на лицата што ги загубија животите се искачи на 142.
Соопштено е дека се идентификувани 122 лица чии мртви тела се пронајдени, а идентификацијата на 20-те мртви тела сè уште продолжува, а 194 лица се водат како исчезнати.
Бразилската Влада побара да се контролираат сите брани во земјата по трагедијата предизвикана со попуштањето на браната, при која се истури околу 13 милиони кубни метри отпад.
Поради попуштањето на браната за отпадоци од рудникот, од градот Брумадињо беа евакуирани околу 3.000 лица.
Рударската компанија „Vale SA“ соопшти дека ќе им бидат доделени по 100 илјади реали (26 илјади 400 долари) на семејствата на жртвите во несреќата.
По несреќата 5-мина инженери биле приведени поради пропусти при процесот на изградба на браната.
Во Бразил во градот Мариана во регионот Минас Жераис во 2015-та година, исто така, попушти брана за отпад, а тогаш животот го загубија 19 лица. Рудниците беа водени од компаниите „Vale SA“ и австралиската „BHP Billiton“. По несреќата стотици луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови.