свет

Бројот на загинати во експлозијата во Бејрут се зголеми на 177

Министерот за здравство на Либан, Хамад Хасан, сѐ уште се трага по 30 исчезнати и дека во катастрофата која на 4 август се случи во Бејрут, бројот на загинати би можел да биде зголемен на 200

Jeyhun Aliyev  | 14.08.2020 - Обновена : 15.08.2020
Бројот на загинати во експлозијата во Бејрут се зголеми на 177

БЕЈРУТ

Во силната експлозија која минатата недела одекна во либанскиот главен град Бејрут загинаа 177 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Министерот за здравство на Либан, Хамад Хасан, во изјава за локалната телевизија соопшти дека бројот на загинати во експлозијата во Бејрут е зголемен на 177.

Тој додаде дека сѐ уште се трага по 30 исчезнати и дека во катастрофата која на 4 август се случи во Бејрут, бројот на загинати би можел да биде зголемен на 200.

Либанската војска ги извести претставништвата на дипломатските мисии за механизмот на дистрибуција на собраната помош.

Во соопштението е наведено дека медицинската помош првенствено ќе биде распоредена според потребите на здравствените установи.

Помошта ќе биде распоредена во координација со Министерството за здравство и Министерството за одбрана.

По експлозијата на 4 август, помош на Либан му понудија многу земји, меѓу кои е и Турција.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın