Ahmed Asmar
24 Јули 2024•Ажурирај: 25 Јули 2024
АНКАРА (АА) - Израелската војска уби уште 55 Палестинци во нападите врз Појасот Газа, со што вкупниот број на загинати од 7 октомври минатата година достигна 39.145, соопшти денес Министерството за здравство во енклавата, јавува Анадолу.
Министерството додаде дека досега во нападите се повредени околу 90.257 лица.
„Израелските сили убија 55 луѓе, а повредени се 110 во три масакри врз семејства во последните 24 часа“, соопшти Министерството.
„Многу луѓе сè уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив“, се додава.
Непочитувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот, Израел се соочи со меѓународна осуда поради континуираната брутална офанзива врз Газа од нападот на палестинската група Хамас на 7 октомври 2023 година.
Повеќе од девет месеци од почетокот на израелската војна огромни делови од Газа се во урнатини, каде што има и блокада за храна, чиста вода и лекови.
Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, со чија последна пресуда му се нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине својата воена операција во јужниот град Рафа, каде што повеќе од еден милион Палестинци побараа засолниште од војната пред да започне копнената офанзива врз градот на 6 мај.