Sayed Khodaiberdi Sadat
02 Септември 2020•Ажурирај: 04 Септември 2020
КАБУЛ
Во јужниот дел на Авганистан во провинцијата Хелманд потона патнички брод. Во оваа несреќа животот го загубија 8 лица, известува Агенција Анадолија (АА).
Омер Зувак, портпаролот на гувернерството на Хелманд соопшти дека во реката која минува низ местото Каџаки потонал брод кој превезувал патници на другиот брег од реката.
Зувак информираше дека во неесреќата животот го загубиле 8 лица, додавајќи дека поради немањето мост на реката, на стотици лица секојдневно се принудени со бродови да патуваат по реката.