Ekip
02 Март 2019•Ажурирај: 03 Март 2019
МАДРИД (АА) - Владата на Шпанија сака да одобри широк спектар на права на британските државјани кои живеат во нивната земја, дури и во случај Велика Британија да ја напушти ЕУ без постигнат договор, пренесува Anadolu Agency (AA).
Владата се подготвува за издавање на нови дозволи за престој за околу 400.000 британски граѓани. Во тој број се вклучени и околу 300.000 Британци кои веќе легално престојуваат во Шпанија, но ќе им биде потребен нов вид на дозвола за престој. Најмалку 150.000 Шпанци живеат во Велика Британија.
Мадрид исто така нуди континуирана заштита во шпанската јавна здравствена служба на британските државјани на период од 21 месец по Брегзит, доколку Британија тоа исто го понуди на шпанските државјани.
Британските граѓани и понатаму ќе имаат право на шпанска социјална помош под истите услови.
Мерките кои Владата ги изврши у петок допрва треба да ја поминат парламентарната дискусија и да добијат одобрение. Некои одредби ќе бидат временски ограничени и ќе зависат од тоа дали Владата на Велика Британија реципроцитетно ќе ги додели истите права на шпанските државјани кои живеат во таа земја.
Шпанија два месеци по стапување на сила на законот ќе ги верфикува правата на Британците, доколку Велика Британија возврати со реципроцитетни услуги.