Tayfun Salcı
15 Април 2018•Ажурирај: 16 Април 2018
ЛОНДОН (АА) - Истакнати професори коишто работат на истакнати универзитети во Велика Британија се тврди дека се вклучени во споделување на дезинформации и теории на заговор во корист на Асад кои ги изнесе Русија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во веста на „The Times“ (Тајмс) се тврди дека академската работна група наречена „Сирија, пропаганда и медиуми (SPM)“ ширела одредени теории на заговор во корист на Асад кои ги изнесе Русија.
Се нагласува дека групата во која се наоѓаат четворица професори вработени на истакнати универзитети во Британија како Единбуршкиот универзитет, Универзитетите во Шефилд и Лестер, го шират тврдењето на Русија која вели дека видео-снимките околу нападите со хемиско оружје извршени од страна на Асад се произведени од страна на волонтерската граѓанска организација „Бели шлемови“.
Меѓу советниците на оваа група се наоѓа и американскиот професор Марк Криспин Милер, кој вели дека нападот на 11 септември е теорија на заговор, како и австралискиот професор, Дејвид Блекал, кој вели дека зад хемискиот напад извршен минатата недела во Дума стои американската разузнавачка служба ЦИА.
Во веста се нагласува дека Тим Хајвард, професор на Единбуршкиот универзитет, а воедно и член на оваа група, споделил објава во која тврди дека „Белите шлемови“ заедно со некои терористички организации изрежирале настани маскирајќи ги како хемиски напади, и во овие настани ги користеле децата кои ги киднапирале и наркотизирале.
Според веста, Хајвард во својата објава на Твитер рекол: „Изјавите на цивилните и официјални сведоци предизвикуваат многу вознемирувачки прашања“. Тој на неговиот блог го објавил и написот на експертот за генетска епидемиологија и генетска статистика, Пол Мекеиг, кој оди во корист на Асад.
„The Times“ пренесе дека Мекеиг во својот напис се обидел да ја докаже „невозможноста на Асад да изврши хемиски напад користејќи ја методата на пресметка на веројатноста во оценување на доказите“.
- Поддршка од алтернативната десница -
Во веста се истакнува дека хаштагот #Syriahoax кој го користел Хајвард додека зборувал за хемиските напади во Сирија, е брзо раширен како резултат на неговото користење од страна на лица нод алтернативната десница во САД, вклучувајќи го и Мајк Цернович, и се вели дека во ова имала значајна улога и сајбер поддршката што ја дала Русија.
Цернович претходно е познат со теоријата на заговор позната како „Pizzagate“ со која тврди дека поддржувачите на Хилари Клинтон имаат поврзаност со „бандата“ за злоупотреба на деца.
Според соопштеното, меѓу имињата кои имаат поврзаност со работната група „Сирија, пропаганда и медиуми (SPM)“ се наоѓа и Ванеса Билеј која тврди дека „Белите шлемови“ се терористи кои имаат поврзаност со Ал Каида, и дека претставуваат легитимна цел за силите на Асад.
Според оваа вест, меѓу членовите на групата се наоѓа и професорот на катедрата за Политика, општество и политичко новинарство при универзитетот во Шефилд, Пирс Робинсон, како и Тара Мекормак од универзитетот Лестер.
Се истакнува дека оваа група првиот извештај го изготвила во врска со двојниот агент Сергеј Скрипал кој беше отруен минатиот месец во Салсбери.
Во извештајот насловен „Сомненија околу новичок“ се наведува дека обработена е тезата за нервниот агенс новичок, за кој се тврди дека бил користен во нападот врз Скрипал од страна на Русија.