Gökhan Kurtaran
23 Мај 2017•Ажурирај: 23 Мај 2017
ЛОНДОН (АА) - Министерката за внатрешни работи на Велика Британија, Амбер Руд, изјави дека цел на терористичкиот напад во Манчестер е да се шири страв, но, како што додаде, оние коишто стојат зад него нема да успеат во своите намери, пренесува Anadolu Agency (AA).
Руд се осврна на синоќешниот напад во концертната сала „Манчестер Арена“, во која, според последните информации, загинаа најмалку 22, а ранети се 59 лица.
„Свесно, за цел го зедоа најчувствителниот дел на нашето општество. Моите мисли и молитви се со жртвите на терористичкиот напад, како и со нивните семејства”, истакна Руд.
Таа ги повика сите граѓани на Велика Британија кои имаат информации за нападот да ги споделат со надлежните органи.
Потсетувајќи дека Манчестер и претходно бил цел на терористички напад, Руд додаде:
„Нашиот народ мора да биде внимателен и не смее да паничи. И претходно бевме цел на напад, но не ги наведнавме главите. Нашето општество го продолжи патот. Овој пат удрија на најчувствителната точка на нашето општество. Цел е да се сее страв, но во тоа нема да успејат”.
Лидерот на британската опозициска Работничка партија, Џереми Корбин, жестоко го осуди нападот и порача дека целосно е запрена целосната предизборна кампања во Велика Британија.