Hasan Esen
20 Декември 2020•Ажурирај: 21 Декември 2020
ЛОНДОН
Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, ги соопшти новите рестриктивни мерки во борбата против ширењето на коронавирусот (Ковид-19) и ги повика граѓаните во текот на претстојните новогодишни празници да останат во своите домови, јавува Агенција Анадолија (АА).
Џонсон одржа повеќечасовен состанок на владиниот Кабинет, а потоа соопшти дека досегашните мерки не биле ефикасни во спречување на ширењето на Ковид-19, посебно во Лондон и на југот на Англија.
Тој рече дека е известен дека е можно да се работи за новиот вид на коронавирусот, кој потенцијално е посмртоносен од минатата година, и додаде дека од Светската здравствена организација е побарано да провери дали вакцините против Ковид-19 се помалку ефективни кога е во прашање новиот вид.
„Поради новиот вид на вирусот принудени сме да воведеме додатни мерки. Во Лондон и во другите источни и југоисточни региони на Англија преминуваме на четвртата фаза на рестрикции“, рече Џонсон.
Тој изјави дека новите мерки стапуваат на сила денес. Рестораните, баровите и другите продавници во кои не се продаваат животни продукти се веќе затворени во тие англиски региони, а од денес ќе бидат затворени и спортските сали и другите објекти. Од граѓаните ќе се бара да не излегуваат од дома без поголема потреба.
„Се откажавме и од претходно најавената можност во текот на Божиќ да ги релаксираме рестриктивните мерки. Ова прашање треба повторно да го разгледуваме“, рече Џонсон.
Нагласувајќи дека во регионите со мерки од четврти степен нема да биде дозволено состанување на семејствата кои живеат одвоено, Џонсон рече дека во другите региони само на денот на Божиќ ќе може да се соберат роднини што живеат максимално во две куќи.
„Ова ќе биде сосема поинаков Божиќ. Мораме да бидеме реални“, порача Џонсон.
Воведувањето на новата фаза рестрикции во Велика Британија сосема наликува на воведување полициски час, иако тој термин не се споменува во владините одлуки.
Британскиот премиер Џонсон, исто така, соопшти дека досега против Ковид-19 се вакцинирани 350.000 луѓе.