Ali Murat Alhas
27 Август 2019•Ажурирај: 28 Август 2019
БУЕНОС АИРЕС (АА) - Претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро, го одби пакетот помош кој вклучува 22 милиони евра, а кој за потребите за гаснење на големиот шумски пожар во Амазонија го издвоија земјите од грпата Г7, јавува Anadolu Agency (AA).
Болсонаро тврди дека зад пакетот помош се крие одредена тајна цел и план на францускиот претседател, Емануел Макрон.
Бразилскиот претседател порача дека неговата земја не е колонија.
Тој, исто така, истакна дека разговарал со својот колумбиски колега Ивак Дуке, со кој постигнале согласност дека мора да се гарантира суверенитетот на земјите кои ги делат природните ресурси на Амазонија.
Вчера, францускиот претседател Макрон и неговиот чилеански колега, Себастијан Пинера, соопштија дека земјите од групата Г7 ќе донираат 22 милиони долари помош за гаснење на пожарите во Амазонија, која важи за бели дробови на планетата Земја. Болсонаро пак, тврди дека испраќањето на толкава сума пари е сериозно загрозување на суверенитетот на Бразил.
Тензиите во односите помеѓу претседателите на Франција и Бразил постоеја и претходно. Во саботата симпатизерите на Болсонаро на социјалните мрежи го исмејуваа физичкиот изглед и ја навредуваа сопругата на Макрон. Болсонаро ги коментираше тие објави со исто така подбивен тон, на што Макрон му порача дека е екстремно непристоен.