Alma Dekovic
20 Септември 2024•Ажурирај: 22 Септември 2024
БРИСЕЛ (АА) - Високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, следната среда во Њујорк, на маргините на Генералното собрание на ОН, ќе организира работен ручек за шестемина лидери на земјите од Западен Балкан, пренесува Анадолу.
„В среда, високиот претставник Борел ќе им биде домаќин на шестемина лидери од Западен Балкан на традиционалниот работен ручек“, се вели во соопштението за медиуми на Европската комисија во кое се објавени активностите на претставниците на ЕУ во ОН.
Најавено е дека на 79-тото заседание на Генералното собрание на ОН следната недела во Њујорк ќе учествува висока делегација на ЕУ, а фокусот на ангажманот на блокот ќе биде ставен на решавање на голем број конфликти и кризи низ светот.