Elena Teslova
20 Септември 2024•Ажурирај: 21 Септември 2024
МОСКВА (АА) - Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес пристигна во Киев, главниот град на Украина, известува Анадолу.
„Доаѓам овде да зборувам за поддршката на Европа. Од подготвеност за зимата до одбрана, до пристапување и напредок во врска со заемите од Г7“, рече Фон дер Лејен на платформата Х.
Фон дер Лајен ги посети енергетските засолништа, а потоа се сретна со пожарникарите.
Осмата посета на Урсула фон дер Лајен доаѓа во екот на разговорите за реконструкција на украинската енергетска инфраструктура, која е значително погодена од руските бомбардирања.
Европската Унија проценува дека речиси половина од енергетската инфраструктура на Украина е уништена за време на конфликтот, што дополнително го отежнува обезбедувањето греење за домовите, училиштата и болниците во земјата.