Ekipa
11 Мај 2017•Ажурирај: 12 Мај 2017
ДАМАСК/АНКАРА (АА) - Жителите од областа на Источна Гута, близу сирискиот град Дамаск, веќе четири години водат борба за опстанок под опсадата на режимските сили лојални на сирискиот претседател Башар ал Асад, јавува Anadolu Agency (AA).
Регионот на Источна Гута е под контрола на силите на сириската опозиција и веќе шест години е постојана цел во нападите на силите лојални на сирискиот режим.
Таа е едно од најважните места на сириската престолнина. Во овој сириски регион, околу половина милион лица веќе четири години водат борба за опстанок. Бидејќи е под окупација на режимските сили, во ова подрачје не стигнува никаква хуманитарна помош. Некогаш познатото и важно општествено и трговско место, сега воглавно е уништено.
Голем дел од жителите ги загубија куќите и деловните простории. Сѐ застана во овој сириски регион. Голем проблем е недостатокот на гориво, па населението до него доаѓа купувајќи го од трговските патници.
Пекарниците во градот работат ограничено поради недостатокот на електрична енергија и гориво. Поради тоа, луѓето се принудени да одат во старите пекарници, кои сѐ уште работат на дрва.
Во овој сириски регион е невозможно да се пронајде нешто како млад кромид, грав и тикви. Еден од големите проблеми е недостатокот на пивка вода. Граѓаните се принудени водата да ја наточуваат на места каде што хигиената и не е баш на задоволително ниво.
Вечерните дружења на Сиријците од овој регион се организираат во урнати згради, кои ги има во секоја улица.