свет

Бомбашки напад во сириски Џарабулус: 12 ранети

- Во местото Џарабулус, кое се наоѓа во близина на сириската граница со Турција, експлодираше мотоцикл полн со експлозив. Во овој бомбашки напад, бројот на ранети се искачи на 12 цивили

Ömer Koparan, Adham Kako  | 22.05.2019 - Обновена : 23.05.2019
Бомбашки напад во сириски Џарабулус: 12 ранети ( Mutez Muhammed - AA )

ЏАРАБУЛУС

Во местото Џарабулус, кое се наоѓа во подрачјето на дејствување на операцијата „Штитот на Еуфрат“, активиран е експлозив поставен во еден мотоцикл. Бројот на ранети од експлозијата се искачи на 12 цивили, јавува Anadolu Agency (AA).

Според информациите добиени од локални извори, активирана е бомба поставена во еден мотоцикл во местото Џарабулус, кое се наоѓа во границите на територијата што Турција ја исчисти од терористи во рамките на операцијата „Штитот на Еуфрат“.

Во нападот се ранети 12 цивили, од кои двајца потешко.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, но безбедносните сили кои се поврзани со Слободната сириска војска (ССВ) сметаат дека е голема веројатноста нападот да е извршен од страна на терористичката организација ЈПГ/ПКК.

На 9 март во центарот на Џарабулус беше активирана бомба поставена во мотоцикл. Во тој напад животот го загубија тројца припадници на ССВ.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın