свет

„Ние со САД во никој случај и во ниту еден вид на војна нема да влеземе“

„Политика на Иран се состои од незапочнување војна. Затоа ваквите инциденти немаат никаква врска со нашата политика. Ние очекуваме да заврши истрагата за настанот и веруваме дека ваквите акции се сомнителни“, рече Фелахетпише

Ahmet Dursun  | 22.05.2019 - Обновена : 23.05.2019
„Ние со САД во никој случај и во ниту еден вид на војна нема да влеземе“

АНКАРА (АА) - Иранскиот претседател за национална безбедност на Парламентот и претседател на Комисијата за надворешна политика, Хашметулах Фелахетпише, рече дека во никој случај нема да влезат во војна со САД, вклучувајќи ги и „прокси-војните“, јавува Anadolu Agency (AA).

Фелахетпише во изјавата дадена за Иранската работничка новинска агенција (ILNA) се осврна на зголемувањето на тензиите меѓу Техеран и Вашингтон со изјавите дадени во последните неколку дена.

Како одговор на прашањето дали Иран наместо во директна војна со САД ќе влезе во „прокси-војна“ со вооружените групи што ги контролира, Фелахетпише истакна: „Ние во никој случај, во ниту еден вид на војна нема да влеземе. Ниту една група од Иран не може да објави прокси-војна.“

Фелахетпише, нагласувајќи дека саботажата врз танкерите со нафта минатата недела во пристаништето „Ел-Фуџејра“, во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), нема никаква врска со Иран, рече:

„Политика на Иран се состои од незапочнување војна. Затоа ваквите инциденти немаат никаква врска со нашата политика. Ние очекуваме да заврши истрагата за настанот и веруваме дека ваквите акции се сомнителни.“

Фелахетпише, исто така, истакна дека некои актери во регионот сакаат САД да ги повлечат да влезат во војна на Блискиот Исток.

- Тензии меѓу САД и Иран 

Администрацијата на Трамп на 8 мај 2018 година објави дека се повлекува од нуклеарниот договор потпишан во 2015 година.

Потоа, САД воведоа санкции за извозот на нафта од администрацијата на Техеран, а од друга страна, во април ја ставија Револуционерната гарда на Иран на листата „странски терористички организации“.

Како одговор на санкциите на САД, иранскиот претседател Хасан Рохани на 8 мај истакна дека неговата земја повторно започнала со дел од нуклеарните активности и објави дека договорните страни имаат 60 дена да преземат мерки за заштита на интересите на Иран.

САД пред кратко време, како мерка на претпазливост против можните закани од Иран, во Персискиот Залив ја испратија ударната група бродови предводени од носачот на авиони „Абрахам Линколн“ и 4 авиони за бомбардирање „Б-52“ со нуклеарен капацитет.

ОАЕ соопшти дека 4 цивилни комерцијални товарни бродови од различни земји биле саботирани на 12 мај, во близина на пристаништето „Ел-Фуџејра“ на источниот брег на земјата.

Саудиска Арабија, исто така, објави дека со беспилотни летала на 14 мај биле нападнати 2 пумпни станици кои пренесувале нафта од резервите во источниот дел на земјата до пристаништето на западниот брег.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın