Dildar Baykan
05 Април 2019•Ажурирај: 06 Април 2019
ЊУЈОРК (АА) - Американскиот произведувач на авиони „Боинг“ соопшти дека последните авионски несреќи на авионите „737 Max 8“ се предизвикани поради дефект на управувачкиот систем „MCAS“ и се извини поради страдањето на луѓето, јавува Anadolu Agency (AA).
Денис Муиленбург, висок менаџер во „Боинг“, преку социјалната мрежа Твитер објави порака со сочувство и извинување за жртвите на кобните несреќи на „Етиопијан ерлајнс“ и „Лајон ер“, во кои се работеше за пад на авион од типот „Boeing 737 Max 8“.
Тој најави дека деталите за причината за несреќите ќе биде дел од извештаите што ги подготвуваат властите.
Авионот „Boeing 737 Max 8“ на авикомпанијата „Етиопијан ерлајнс“ се урна на 10 март во Адис Абеба и тоа само 6 минути по полетувањето, а во несреќата загинаа сите 157 патници и членови на екипажот.
Авион од истиот тип, исто така недолго по полетувањето, се урна на 29 октомври минатата година во индонезискиот град Џакарта. Во падот на авионот на компанијата „Лајон ер“ загинаа сите 189 патници и членови на екипажот.
По двете кобни несреќи за само 5 месеци, властите на Турција, Кина, Етиопија, Велика Британија, Германија, Франција, Холандија, Австралија и други земји ги забранија летовите во кои се користат авионите од типот „Boeing 737 Max 8“ и ги затворија своите воздушни простори за прелетување на овие авиони.