Ekip
14 Јануари 2019•Ажурирај: 15 Јануари 2019
ЏАКАРТА (АА) - Индонезиската морнарица вчера соопшти дека нејзиниот тим пронашол уред за снимање разговори во кабината (CVR), кој припаѓал на патничкиот авион на компанијата „Лајон ер“ (Lion Air), кој се сруши во октомври минатата година, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението се наведува дека уредот е извлечен од морска кал со длабочина од осум метри, а потоа и заштитен за да бидат од него во наредниот период извлечени детали коишто би можеле да помогнат во расветлувањето на случајот за октомвриската авионска несреќа.
Пронајдениот уред е втората црна кутија од авионот кој се сруши. Станува збор за црна кутија за снимање разговори во кабината, а претходно е пронајдена првата црна кутија која содржи податоци за летот и некои технички параметри за летање.
Авионот на компанијата „Лајон ер“ се сруши на кобниот лет JT610 од Џакарта кон Пангкал Пинанг. При падот на авионот во морето загинаа сите 189 патници и членови на посадата.