Fuat Kabakcı
16 Септември 2018•Ажурирај: 17 Септември 2018
ПЕКИНГ (АА) - Компанијата БМВ (BMW) поради дефект во климатизерите повлекува 139.452 возила во Кина, пренесува Anadolu Agency (AA).
Кинеската државна институција за регулатива и надзор на пазарот, соопшти дека возилата се повлекуваат од пазарот поради дефект на еден дел кој се наоѓа во климатизерите.
Процесот на повлекување опфаќа 89.309 возила произведени во Кина во мај 2005 година и во јули 2011 година, и 50.143 возила увезени во јануари 2005 година и во јули 2011 година.
Се вели дека контролите и промената на деловите кои имаат дефект, ќе бидат извршени бесплатно од страна на партнерот на БМВ во Кина, „BMW China Automative Trading Ltd“.