Recep Şakar
18 Април 2017•Ажурирај: 18 Април 2017
МЕЛБУРН (АА) - Министерката за надворешни работи на Австралија, Џули Бишоп, истакна дека доколку нуклеарната програма на Северна Кореја не биде спречена од страна на меѓународната заедница, таа ќе предизвика сериозна закана за државата, јавува Anadolu Agency (AA).
Бишоп за радиостаницата АМ ги коментираше неуспешното балистичко тестирање на Северна Кореја што се спроведе викендов, како и зголемените тензии во регионот.
Џули Бишоп нагласи дека ја поддржуваат стратешката измена на Соединетите Американски Држави (САД), и дека сите опции се на маса, вклучувајќи ја и воената интервенција. Бишоп вели дека ако на Северна Кореја ѝ се дозволи да продолжи со балистичката програма, таа ќе има потенцијал да ја погоди Австралија, и истакна: „Програмата на Северна Кореја за нуклеарно оружје е сериозна закана за Австралија“.
„Северна Кореја значително ја зголеми заканата за регионалниот и за глобалниот мир. Зголемувањето на тензиите целосно е предизвикано од провокативното однесување на Северна Кореја“, рече Бишоп, нагласувајќи дека зголемената тензија во регионот е предизвикана од ставот на Северна Кореја.
Ким Ин Рјонг, заменик на постојаниот претставник на Северна Кореја во Обединетите нации (ОН), претходно на прес-конференција во ОН тврдеше дека САД ги зголемуваат тензиите во регионот, и соопшти дека во секој момент може да избие термонуклеарна војна.
Министерството за одбрана на САД соопшти дека Северна Кореја викендов направила неуспешно тестирање на проектил.