Ahmed Asmar
06 Јануари 2025•Ажурирај: 07 Јануари 2025
АНКАРА (АА) - Најмалку уште 48 Палестинци се убиени во немилосрдните израелски напади во Појасот Газа, со што билансот од октомври 2023 година достигна 45.854, соопшти денес Министерството за здравство во енклавата, јавува Анадолу.
Министерството додаде дека во нападите досега повредени се најмалку 109.139 Палестинци.
„Израелските сили убија 48 луѓе и ранија 75 во три масакри на семејства во последните 24 часа“, соопшти Министерството.
„Многу луѓе сè уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да дојдат до нив“, се додава.
Израел продолжува со геноцидната војна врз Појасот Газа и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации која повикува на итен прекин на огнот, по нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година.
Втората година од геноцидот во Газа наиде на зголемена меѓународна осуда, при што официјални лица и институции ги окарактеризираа нападите и блокирањето на испораката на хуманитарна помош како намерен обид за уништување на населението.
Во ноември минатата година, Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.
Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во Газа.