свет

Билансот на загинати по тајфунот на Филипините порасна на 124 лица

Тајфунот ги погоди Филипините на 15 септември, со брзина од 255 километри на час во првиот ден, а потоа, на 16 септември, ја намали својата брзина на 100 километри на час, пред да ја напушти земјата

Sena Güler  | 24.09.2018 - Обновена : 25.09.2018
Билансот на загинати по тајфунот на Филипините порасна на 124 лица

Ankara

АНКАРА (АА) - Бројката на загинати во свлечиштата предизвикани од тајфунот „Мангхут“ на Филипините се зголеми на 124 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).

Локалните медиуми денес јавија дека бројката на загинати лица во свлечиштата што настанаа минатиот четврток во близина на градот Нага, во покраината Себу, се зголеми на 49.

Акцијата за спасување на исчезнатите 30 лица е сè уште во тек.

Седумдесет и пет други лица загинаа во лизгање на земјиштето во рударскиот град Итогон, во северната покраина Бенгет, на 15 септември.

Спасувачите, исто така, се обидуваат да ги спасат другите 39 лица, што се водат како исчезнати во Итогон.

Само во тајфунот „Мангхут“, што го погоди северниот дел на земјата минатата недела, загинаа најмалку 81 лице.

Тајфунот во првиот ден достигна брзина до 255 километри на час, а потоа ја намали брзината на 100 километри на час. Потоа премина во јужниот дел на Кина и во Хонг Конг.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın