свет

Биланс од протестите во Алжир: Уапсени се 108 лица, повредени 27 полицајци

Откако сега веќе поранешниот претседател на Алжир, Абделазиз Бутефлика, поднесе оставка, во Алжир започнаа масовни протести против водачите на преодната власт

Enes Canlı  | 13.04.2019 - Обновена : 18.04.2019
Биланс од протестите во Алжир: Уапсени се 108 лица, повредени 27 полицајци

АЛЖИР (АА) - Најмалку 108 лица се уапсени, а 27 полицајци се повредени за време на вчерашните протести во Алжир, јавува Anadolu Agency (AA).

Откако сега веќе поранешниот претседател на Алжир, Абделазиз Бутефлика, поднесе оставка, во Алжир започнаа масовни протести против водачите на преодната власт.

Алжирската полиција потврди дека за време на протестите вчера биле уапсени најмалку 108 демонстранти, и дека во судирите се повредени 27 полицајци.

За време на протестите е уништен и значаен број возила на алжирската полиција.

Минатата недела, под притисок на протестите оставка поднесе Абделазиз Бутефлика, кој на чело на Алжир беше две децении.

Во согласност со Уставот на Алжир, двата дома на Парламентот на заедничка седница го активираа членот 102, кој на претседателот на Горниот дом на Парламентот, Бенсалех, му дава тримесечни претседателски овластувања.

Бенсалех во обраќањето на пратениците на алжирскиот Парламент изјави дека ќе стори сѐ за во зададениот тримесечен рок организира избори и на Алжирците им овозможи демократско право на избор на нов шеф на државата.

Веднаш по именувањето на Бенсалех за привремен шеф на државата, на улиците на повеќе алжирски градови повторно излегоа демонстранти кои се противат на неговото именување, бидејќи го сметаат за остаток од режимот на Бутефлика.

Претседателските избори во Алжир првично беа распишани за 18 април, но земјата западна во длабока политичка криза поради повторната кандидатура на 82-годишниот Бутефлика, кој ретко се појавуваше во јавноста поради нарушената здравствена состојба. Бутефлика на 2 април ја повлече кандидатурата и поднесе оставка.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın