Selen Temizer
16 Јули 2021•Ажурирај: 16 Јули 2021
БРИСЕЛ (АА) - Бројот на луѓе кои ги загубија животите во поплавите во Белгија се искачи на 12, а 5 лица се водат како исчезнати, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Обилните дождови ги погодија регионите од истокот на земјата како што се Лиеж, Вервие, Спа, Намур и Лимбург.
Локалните власти информираа дека 12 лица ги загубиле животите во поплавите во овие градови и околните села.
Исто така, се додава дека најмалку 5 лица се водат како исчезнати во регионот, додека екипите за пребарување и спасување ја продолжуваат својата работа.
Поради поплавите, десетици куќи се срушија во регионот, а илјадници домови и деловни објекти се поплавени.
Во некои населби во Лиеж, еден од најпогодените градови од поплавата, населението беше повикано да ги напушти своите домови. Поради загриженоста дека реката Меус што тече низ градот може да се излее, жителите на некои области, особено во центарот на градот, се замолени да одат во повисоките области или пак да се качат на горните катови на зградите.
Многу патишта на истокот од земјата се затворени, и нарушено е функционирањето на патниот и железничкиот превоз.