Servet Günerigök
25 Декември 2018•Ажурирај: 25 Декември 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп е отворен за можен состанок со турскиот колега Реџеп Таип Ердоган, јавува Anadolu Agency (AA).
Вториот портпарол на Белата куќа, Хоган Гидли, рано утринава изјави дека сѐ уште не постои дефинитивен план, но дека администрацијата на Трамп работи на тоа.
Претходно портпаролот на Кабинетот на турскиот претседател, Ибрахим Калин, соопшти дека Трамп го прифатил повикот наредната година да ја посети Турција, што Ердоган го упатил за време на телефонскиот разговор во неделата.
„Во наредниот период ќе работиме на одредување на датумот и деталите на таа посета“, изјави Калин.
Ердоган и Трамп за време на долгиот и конструктивен телефонски разговор, дискутираа за низа теми, вклучувајќи ја и одлуката на Трамп за повлекување на американската војска од Сирија.
„Разговаравме за борбата против ДЕАШ, заедничките активности во Сирија, координираното повлекување на американската војска од Сирија. По толку години нашите војници се враќаат дома“, наведе Трамп во објава на Твитер.