Hakan Çopur
27 Март 2022•Ажурирај: 28 Март 2022
ВАШИНГТОН (АА) - Од Белата куќа соопштуваат дека претседателот на САД, Џо Бајден, со вчерашната изјава во Полска не повикал на смена на власта во Руската Федерација, известува Агенција Анадолија (АА).
Во текот на посетата на Полска, Бајден одржа говор пред Кралскиот дворец во Варшава, една од важните знаменитости во земјата што беше оштетена во текот на Втората светска војна, а во таа прилика зборуваше и за рускиот претседател Владимир Путин.
„До Бога, овој човек не би требало да остане на власт“, рече Бајден и предизвика расправии на релацијата Москва - Вашингтон.
Од Белата куќа објавија писмено соопштение во кое наведуваат дека таа изјава не е повик за смена на режимот во Русија.
„Она што претседателот сакаше да го каже е дека на Путин не може да му се дозволи својата моќ да ја покажува врз своите соседи или во регионот. Тој не зборуваше за Путиновата моќ во Русија или за смена на режимот.“