Ekipa
17 Септември 2018•Ажурирај: 18 Септември 2018
АНКАРА (АА) - Режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад вчера одржа локални избори во земјата која веќе седум години е средиште на граѓанска војна и во која милиони жители се раселени, јавува Anadolu Agency (AA).
Првите избори од почетокот на војната во Сирија се одржани на околу 59 отсто од територијата што е под контрола на силите лојални на режимот на Асад.
Репортерот на АА јавува дека гласачките места се затворени на полноќ, иако затворањето првобитно беше најавено за 17 часот.
Кандидати на изборите беа претставници на партијата на Асад, Баас, или блиски поединци на таа опција.
Излезноста на изборите беше многу слаба, и покрај тоа што вработените во јавните установи примија закана дека ќе добијат отказ доколку не гласаат.
Изборите се одржани и во подрачјето на Хасека, кое е под окупација на терористичката организација ЈПГ/ПКК.
Локалните извори јавуваат дека терористите на ЈПГ/ПКК ги ослободиле заробените арапски кандидати и дека не дошло до несогласувања со претставниците на режимот на Асад кои ги организираа изборите.
Според официјалните податоци на Обединетите нации (ОН), во Сирија статус на бегалци имаат 5.598.000 лица, а статус на раселени 6.600.000 лица.