Ekipa
17 Септември 2018•Ажурирај: 18 Септември 2018
МОСКВА (АА) - Од Министерството за одбрана на Русија велат дека проектилот кој го соборил летот 17 на „Малезија ерлајнс“ (Malaysia Airlines) припаѓал на арсеналот на украинската, а не на руската Војска, пренесува Anadolu Agency (AA).
Патничкиот авион беше погоден со проектил од советско производство во јули 2014 година над источна Украина, која ја контролираат бунтовниците. Во падот на авионот загинаа 298 лица. Холандија и Австрија во мај оваа година објавија дека веруваат оти проектилот е транспортиран во Украина од воената единица во рускиот град Курск.
Русија жестоко ги отфрли таквите тврдења. Генерал-поручникот Николај Паршин, шеф на Дирекцијата за проектили и артилерија во Министерството за одбрана на Русија, денес изјави дека Војската ја проучувала архивата во истражувачкиот центар каде што се произведувале проектилите „Бук“.
Тој нагласи дека проектилот за кој станува збор е превезен во воената единица во 1986 година и според неговите сознанија никогаш не ја напуштил Украина.