Ekipa
21 Јануари 2022•Ажурирај: 25 Јануари 2022
ИРКУТСК (AA) - Бајкалското Езеро, кое е познато како најдлабоко езеро во светот, ги фасцинира посетителите со својот прекрасен пејзаж, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Особено во зимската сезона езерото е првиот избор на љубителите на риболовот и на природата.
Езерото на своите посетители им нуди можност за риболов, возење со скутер на снег и поминување време во националниот парк.
Езерото е лоцирано во југоисточниот дел на Сибир, помеѓу Иркутската Област и Република Бурјатија, Русија.
Има најдлабока точка од 1.642 метри, а по него според длабочината следуваат езерото Тангањика и Каспиското Море.
Бајкалското Езеро е дом на голем број животински и растителни видови кои не можат да се најдат на друго место. Еден од највпечатливите е бајкалската фока (исто така, наречена нерпа), единствениот вид на фока во светот која живее исклучиво во слатководно живеалиште.
Зголемената популарност на Бајкалското Езеро придонесува за развојот на туризмот во Бурјатија, за која се тврди дека е еден од еколошки најчистите региони во Русија.