Islam Doğru
02 Август 2022•Ажурирај: 03 Август 2022
ЊУЈОРК (АА) – Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Џо Бајден, потврди дека водачот на Ал Каеда, Ајман ал Завахири, е убиен во воздушен напад во Авганистан, јавува Агенција Анадолија (АА).
Бајден, во изјавата за медиумите во Белата куќа, истакнувајќи дека претходно било утврдено дека Завахири се крие со семејството во Кабул и дека со негово одобрение во недела била извршена операција со беспилотно летало.
„Завахири си замина и никогаш повеќе Авганистан нема да биде безбедно засолниште за терористите, и ние ќе се увериме во тоа. Овој терористички водач повеќе го нема“, нагласи Бајден.
Истакнувајќи дека со операцијата против Завахири е исполнета правдата, Бајден рече дека е обезбедено спокојство кај оние кои ги загубија животите во нападите на 11 септември 2001 година.
„Вечерва уште еднаш јасно ставаме до знаење дека колку ѝ да трае тоа, каде ѝ да се криете, ако сте закана за нашиот народ, САД ќе ве најдат и ќе ве отстранат“, додаде Бајден.
Опишувајќи ја операцијата против Завахири како успешна, Бајден им се заблагодари на американските разузнавачки единици за нивната „извонредна упорност и вештина“.