Бајден со честитка до Ердоган за победата на изборите
„Како НАТО-сојузници, со нетрпение очекувам да работиме заедно за билатералните прашања и заедничките глобални предизвици“, рече американскиот претседател.

ЊУЈОРК (АА) - Американскиот претседател Џо Бајден му ја честита победата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во вториот круг од претседателските избори во Туркије, пренесува Анадолу.
Бајден преку Твитер објави честитка до Ердоган кој, според неофицијалните резултати објавени од страна на Врховната изборна комисија на Туркије (ЈСК), е реизбран за претседател на Туркије.
„Му честитам на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за неговиот реизбор“, напиша Бајден.
„Како НАТО-сојузници, со нетрпение очекувам да работиме заедно за билатералните прашања и заедничките глобални предизвици“, додаде американскиот претседател.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.