Dildar Baykan
17 Март 2021•Ажурирај: 17 Март 2021
ВАШИНГТОН (АА) - Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Џо Бајден, им порача на мигрантите да не ги напуштаат своите градови и заедници, и да не доаѓаат во САД, осврнувајќи се на растечкиот број илегални мигранти на границата со Мексико, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Бајден за време на неговата посета на американската сојузна држава Пенсилванија даде интервју за новинарот на „Еј-би-си њуз“ Џорџ Стефанопулос.
Одговарајќи на прашања во врска со илегалната миграциска криза на границата со Мексико, Бајден рече: „На имигрантите јасно можам да им ја испратам следнава порака; не доаѓајте тука!Не напуштајте го вашиот град или заедница.“
На прашањето на Стефанопулос дали било грешка тоа што не е предвидено зголемувањето на бројот на мигранти на границите, Бајден истакна: „Треба да знаете дека и во последните две години во 2019 и 2020 година имаше зголемување.“
Одговарајќи на прашањето за можноста ситуација на мексиканската граница да се влоши, Бајден рече: „Да, тоа може да се случи.“