Aynur Şeyma Asan
30 Јули 2024•Ажурирај: 31 Јули 2024
АНКАРА (АА) - Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека американската потпретседателка Камала Харис е радикална левичарка и дека е полош претседателски кандидат од актуелниот американски претседател Џо Бајден, пренесува Анадолу.
Во интервју за телевизијата „Фокс њуз“, Трамп ја коментираше потпретседателката Харис, која се очекува да стане официјален демократски кандидат откако Бајден се повлече од претседателската трка во ноември.
Трамп смета дека Харис е порадикална левичарка и полош кандидат од Бајден.
Тој исто така рече дека Харис зборува многу, но залудно.
„Нејзината смеа на социјалните мрежи е смеа на луда личност. Но забележав дека таа веќе не се смее така. Некој ја убедил повеќе да не го прави тоа“, изјави Трамп.