Dildar Baykan Atalay
22 Јуни 2022•Ажурирај: 23 Јуни 2022
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Џо Бајден истакна дека ќе се сретне со својот кинески колега Си Џинпинг за царинските давачки воведени за Кина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Бајден одговараше на новинарски прашања по говорот за Ковид-19 во Белата куќа.
Коментирајќи ги критиките на Мајкл Вирт, главниот извршен директор на „Шеврон“, една од најголемите нафтени компании во САД, дека „администрацијата на Бајден го загуби угледот на индустријата за нафта и гас“, Бајден рече: „Тој е малку чувствителен.“
На прашањето дали ќе даде привремено ослободување од федералните даноци за инфраструктурни проекти во земјата, Бајден нагласи дека тоа е многу малку веројатно.
Одговарајќи на прашањето дали ќе има промени во царините кон Кина, Бајден рече: „Планирам да имам средба со Си. Сѐ уште не сме го одредиле времето за средбата.“