Servet Günerigök
25 Мај 2022•Ажурирај: 27 Мај 2022
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател Џо Бајден смртоносното пукање во основното училиште во Тексас во нарече „уште еден масакар“ во Соединетите Американски Држави и рече дека е време да се дејствува против идниот масакар, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Се надевав дека кога ќе станам претседател, нема да треба да го правам ова повторно. Втор масакар. Увалде, Тексас. Основно училиште. Убави, недолжни деца од II, III, IV одделение“, рече доцна синоќа Бајден во емотивно обраќање во Белата куќа по враќањето од турнејата низ Азија.
„Да изгубиш дете е како да ти откорнат дел од душата. Има празнина во твоите гради. Се чувствуваш како да си вовлечен во неа“, рече тој.
Во пукањето во Основното училиште „Роб“ во Увалде, Тексас, околу 133 километри западно од Сан Антонио, животот го загубија 18 ученици и еден наставник.
Напаѓачот е идентификуван како Салвадор Ромас (18) од Увалде, кој е застрелан и убиен од полицијата.
Претседателот истакна дека ваков вид масовни пукања ретко се случуваат на друго место во светот, додавајќи дека оние со ментални проблеми или оние „кои се изгубени“ ги има и во другите земји.
„Но ваков вид масовни пукања никогаш не се случуваат со таква фреквенција со каква што се случуваат во Америка. Зошто? Зошто сме подготвени да живееме со масакри? Зошто дозволуваме ова да се случува?“, праша Бајден.
„Време е да им кажеме на оние кои ги опструираат разумните закони за оружје - нема да заборавиме. Можеме да направиме многу повеќе, мораме да направиме многу повеќе“, порача американскиот претседател.