Serdar Bıtmez,Ali Semerci
25 Мај 2022•Ажурирај: 26 Мај 2022
ДОХА (АА) - Портпаролот на талибанците во главниот град на Катар, Доха, за Агенција Анадолија вчера изјави дека преговорите помеѓу авганистанската привремена Влада со Турција и Катар не се прекинати, јавува Агенција Анадолија (АА).
Мухамед Наим Вардак од политичката канцеларија на групата рече дека договорот потпишан со Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) се однесува на копнените операции на аеродромите „Кабул“, „Кандахар“ и „Херат“ и дека периодот на договорот е една и пол година.
Вардак рече дека договорот бил склучен со компанијата на ОАЕ што обезбедува услуги на аеродромот пред талибанците да влезат во Кабул и дека не ја вклучува работата на аеродромите.
Министерството за надворешни работи на Катар на 27 јануари соопшти дека делегациите од Катар, Турција и привремената Влада на талибанците се договориле за неколку од клучните прашања за тоа како ќе се управува и како ќе функционира Меѓународниот аеродром во Кабул.