Ömer Koparan
21 Март 2019•Ажурирај: 22 Март 2019
Турската владина Дирекција за управување со кризи и вонредни состојби (AFAD) обезбеди помош во храна за околу 4.500 лица во Африн, исчистен од терористите со операцијата „Маслинова гранка“, јавува Anadolu Agency (AA).
АФАД дистрибуира пакети со храна за 700 семејства во Раџу, северозападно од Африн.
Целта е да се задоволат месечните потреби за храна на околу 4.500 луѓе со пакети за помош кои ги содржат основните потреби како што се шеќер, брашно, мешунки (грав, боранија, грашок) и масло.
Во изјавата за дописникот на АА, офицерот одговорен за храна на Локалниот совет во Раку, Неврес Билал, истакна: „Во овој момент, со помош на АФАД дистрибуираме пакети со храна за 700 семејства во Раџу. АФАД нас не нѐ остава сами. Се надевам дека со нејзината помош ќе бидеме во подобра состојба.“
Ебу Махмут, еден од лицата на кои им е доделена помош, заблагодарувајќи им се на Локалниот совет и на АФАД, рече: „Потребите за храна на народот во Раџу во голема мера се обезбедени.“
Во местото Раџу, во подрачјето на Африн, живеат 1.200 семејства.
АФАД, од почетокот на сириската граѓанска војна која трае веќе 8 години, спроведува хуманитарна и логистичка помош, како и активности за пребарување и спасување.