свет

Атентат врз претседателот на Зимбабве

На просторот на кој претседастелот на Зимбабве, Емерсон Мнангагва, учествуваше на предизборна кампања, извршен е бомбашки напад во кој се ранети 8 лица, меѓу кои помошникот на претседателот и неколку министри

Gökhan Kavak  | 24.06.2018 - Обновена : 24.06.2018
Атентат врз претседателот на Зимбабве

Abuja

АБУЏА (АА) - На митингот по повод предизборната кампања на која учествуваше и претседателот на Зимбабве, Емерсон Мнангагва, извршен е бомбашки напад, јавува Anadolu Agency (AA).

Портпаролот на претседателот, Џорџ Чарамба, соопшти дека за време на предизборната кампања, во градот Булавајо извршен е обид за атентат врз претседателот Емерсон Мнангагва.

Претседателот Мнангагва се извлекол без повреди, додека во нападот се ранети 8 лица, меѓу кои i помошникот на претседателот, Кембо Мохади и неколкумина министри.

Портпаролот информираше дека претседателот Мнангагва е префрлен на безбедно место.

Постои загриженост од зголемување на бројката на повредни.

Видео-снимки од обидот за атентат се објавени на државната темевизија на Зимбабве.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın