Adham Kako
23 Јануари 2019•Ажурирај: 24 Јануари 2019
АНКАРА (АА) - Асадовиот режим во Сирија го предупреди Израел со напад врз аеродромот во Тел Авив, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на новинската агенција на режимот, САНА, постојаниот претставник на Асадовиот режим во Обединетите нации (ОН), Башар Џафери, во своето обраќање на состанокот на Советот за безбедност на ОН како цел го зел Израел.
„Не ли е веќе време ОН да ги преземат потребните чекори против постојаните напади на Израел врз територијата на Сирија? Или за да го привлечеме вниманието на земјите кои произведуваат војна во овој совет, дали ние треба да извршиме напад врз аеродромот во Тел Авив, користејќи го нашето право за одбрана против нападите на Израел врз аеродромот во Дамаск?“, нагласи Џафери.
Израел пред неколку денови изврши воздушен напад врз цели на бригадите Ел Кудс при иранската Револуционерна гарда во Дамаск. Министерството за одбрана на Русија соопшти дека како резултат на нападите, животот го загубиле 4 војници на режимот, а 6 војници биле повредени.