Mahmut Atanur
23 Јануари 2019•Ажурирај: 24 Јануари 2019
ЏАКАРТА (АА) - Земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтер ја погоди индонезиската покраина Источна Нуса Тенгара, пренесува Anadolu Agency (AA).
Агенцијата за метеорологија, клима и геофизика на Индонезија (BMKG) соопшти дека епицентарот на земјотресот со јачина од 6 степени бил на дното на морската шир 87 километри југозападно од подрачјето на Западна Сумба, на островот Сумба, на длабочина од 10 километри под тлото.
По земјотресот не е даден аларм за цунами, а сè уште нема соопштение за можни жртви или материјална штета.
Во подрачјето на Западна Сумба вчера се случија два земјотреси со јачина од 6,2 и 6,7 степени.