Gülşen Topçu
24 Декември 2020•Ажурирај: 25 Декември 2020
ЕРУСАЛИМ (АА) - Сами Абу Шехаде, пратеник од арапскиот блок, кој ги претставува израелските Палестинци, со зборовите „тоа што го правите е срамота“ ги критикуваше официјалните лица од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), кои присуствуваа на седницата што се одржа во израелското Собрание (Кнесет), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите во израелските медиуми, на седницата на Парламентарната комисија со која претседаваше Ави Дихтер, поранешен претседател на израелската Служба за безбедност „Шин Бет“, преку платформата за видеокомуникации Зум, присуствувале и генералниот секретар на Советот за странски инвеститори на ОАЕ, Џемал ел Џерван еш Шанти и заменик-потсекретарот за надворешна трговија при Министерството за економија на ОАЕ, Џума Мухамед ел Кајт.
Во видеата објавувани во медиумите, Шехаде, обраќајќи се до еден од официјалните претставници на ОАЕ, рече: „Дали сфаќате што се случува, дали не ги разбра основните причини за нормализирање?“
„Дури и ако има економски аспекти на преземениот чекор, моралот е важен елемент. Ако не се срамиш, прави што сакаш. Јас мислев дека ОАЕ стојат до Арапите, или пак не е така?“, додаде пратеникот Шехаде.
Откако ги игнорираше предупредувањата од Ави Дихтер, пратеникот Шехаде беше изнесен од салата.
Шехаде, обраќајќи се до официјалните претставници на ОАЕ, рече: „тоа што го правите е срамота“ и ја напушти салата.
Дихтер се извини на делегацијата на ОАЕ, додавајќи дека во регионот продолжуваат процесите за нормализација, и дека некои како палестинската администрација не сакаат да разберат дека условите се променети.