свет

Арапската лига ги поддржа потезите на Воениот совет, кој ја презеде власта во Судан

- Од Арапската лига е упатен апел до меѓународната заедница да ги поддржи сите напори во насока на сочувување на мирот и стабилноста во Судан

Nilay Kar  | 15.04.2019 - Обновена : 15.04.2019
Арапската лига ги поддржа потезите на Воениот совет, кој ја презеде власта во Судан

КАИРО

Раководството на Арапската лига синоќа го поддржа Воениот совет, кој ќе го води процесот на транзиција по минатонеделното соборување од власт на претседателот на Судан, Омар ал Башир, јавува Anadolu Agency (AA).

Арапската лига во писменото соопштение ги поздрави потезите и напорите на лидерот на суданскиот Воен совет, генерал Абделфетах Бурхан.

Арапската лига упати и апел до меѓународната заедница да ги поддржи сите напори во насока на сочувување на мирот и стабилноста во Судан.

Организацијата за исламска соработка (OIC) вчера ги повика сите страни да воспостават дијалог и мирно да ја надминат кризата во Судан.

„Ги повикавме сите страни во Судан да започнат конструктивен дијалог со цел сочувување на мирот и исполнување на барањата на народот за мирна транзиција на власта“, се вели во соопштението на најголемата муслиманска организација.

Војската на Судан во четвртокот, по повеќемесечни протести, го собори од власт претседателот Омар ал Башир, кој вледееше со Судан од 1989 година.

Војската формираше и Воен совет кој ќе управува со земјата во преодниот период од две години. На чело на Советот првично е именуван министерот за одбрана, Ахмед Авад Ибн Авф, но тој веќе наредниот ден поднесе оставка. Наместо него е именуван генерал-полковник Абделфетах Бурхан.

Опозицијата на Воениот совет му достави листа од 7 барања и бара воспоставување на цивилна власт во таа земја. Најавено е продолжување на масовните протести до исполнување на барањата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın