Ömer Erdem
15 Април 2019•Ажурирај: 16 Април 2019
КАРТУМ (AA) - Суданските безбедносни сили започнаа акција со цел растерување на демонстрантите пред военото седиште во Картум, главниот град на Судан, јавува Anadolu Agency (AA).
Опозициските групи, од друга страна ги повикуваат приврзаниците да излезат на улиците.
Суданската војска, во четвртокот, по повеќемесечните протести, го собори претседателот Омар ал Башар, кој владееше со Судан од 1989 година.
Војската, исто така, основаше Воен совет кој ќе управува со земјата во преодниот период од две години. На чело на Советот првобитно е именуван министерот за одбрана, Ахмед Авад Авф, кој ден подоцна поднесе оставка, а наместо него е именуван генерал-полковникот Абделфатах Бурхан.
Опозицијата на Воениот совет му достави листа од седум барања и бара воспоставување цивилна власт во таа земја. Најавено е продолжување на масовните протести сè до исполнување на барањата.