Mahmut Geldi
25 Септември 2016•Ажурирај: 25 Септември 2016
КАИРО (АА) - Постигнат е договор за развој на соработката меѓу Арапската лига и Обединетите нации, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Арапската лига се вели дека Генералниот секретар на Арапската лига, Ахмед Ебу ел-Гајт, којшто престојуваше во Њујорк по повод одржувањето на 71. Генерално собрание на ОН, потпиша договор за развој на соработката со генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун.
„Сакам да потврдам дека Арапската лига ќе направи силен пресврт на теренот во решавањето на проблемите на Средниот Исток. Најочигледен пример за ова е назначувањето на специјалниот претставник за Либија на ОН на 146. Состанок на министрите за надворешни работи на Арапската лига, којшто се одржа на 8. септември во главниот град на Египет, Каиро“, вели Ебу Гајт во соопштението.
Исто така се вели дeка во следниот период се предвидува интензивирање на соработката и консултациите меѓу Арапската лига и специјалните претставници на генералниот секретар на ОН за Палестина, Сирија, Либија и Јемен.
Потпаролот на Ебу Гајт, Махмуд ел-Афифи, истакна дека новиот договор ги одразува приоритетните чекори за зајакнување на соработката и зближувањето меѓу Арапската лига и ОН. Тој истакна дека според договорот, приоритет ќе имаат превенцијата на конфликтите, борбата против тероризмот и граничниот криминал, обезбедување на мирот, одбрана на човековите права како и помагање на мигрантите и бегалците.
Покрај ова Афифи посочи дека новиот договор има за цел обединување на двете организации во борбата против сегашните и евентуални ризици којшто можат да настанат во иднина
„Договорот беше потпишан по состанокот на којшто се разговареаше за случувањата на Средниот Исток, почнувајќи од проблемот со Палестина и кризата во Сирија, Либија и Јемен“, додаде Афифи.
На 21. мај 2016 година меѓу Арапската лига и ОН беше потпишан договор за заедничка соработка во областа на политиката, културата и општеството.