Jo Harper
19 Февруари 2025•Ажурирај: 20 Февруари 2025
ВАРШАВА (АА) - Повеќето Полјаци се против миграцијата во Полска, покажа анкетата на „Opinia24“ направена за РМФ ФМ објавена денес, пренесува Анадолу.
Во анкетата беше прашано: „Дали вие лично сте за или против Полска да прифаќа мигранти? Околу 75 отсто од испитаниците одговориле не, додека над половина (51 %) изразиле силно противење на прифаќањето мигранти; 24 отсто рекле дека се „повеќе против“.
Вкупно 25 отсто од испитаниците биле за прифаќање мигранти во Полска, но само 5 отсто посочиле дека „силно“ ја поддржуваат таквата опција. Околу 5 отсто немаа мислење во врска со оваа тема.
Според истражувањето, малку повеќе мажи отколку жени се противат на прифаќањето мигранти, 78 отсто наспрема 73 отсто. Негативни одговори преовладуваа кај сите возрасни групи, без разлика на образованието и местото на живеење.
За поддржувачите на владејачката (центристичка) Граѓанска коалиција и на партијата Разем (левичарска партија), гласовите „за“ и „против“ беа речиси еднакви.
Премиерот Доналд Туск неодамна изјави дека Варшава нема да го имплементира миграцискиот пакт на Европската Унија доколку тој вклучува Полска да мора да прифати мигранти релоцирани од други земји членки.
Пактот на ЕУ за миграција и азил вклучува мерки како што е „рамката на солидарност“ создадена за поделба на товарот меѓу земјите членки во справувањето со барателите на азил.