свет

Ангела Меркел: „Расизмот е проблем, не само во САД, туку и во Германија“

- Германската канцеларка Меркел изјави дека во екот на дебатите за расизмот во САД не смее да се занемарат таквите појави и во германското општество

Ayhan Şimşek  | 05.06.2020 - Обновена : 05.06.2020
Ангела Меркел: „Расизмот е проблем, не само во САД, туку и во Германија“

БЕРЛИН

Германската канцеларка Ангела Меркел ги повика граѓаните да не го занемаруваат проблемот на расизам во таа земја додека интензивно се дебатира за расизмот и полициската бруталност во Соединетите Американски Држави (САД), по убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Убиството на Џорџ Флојд е многу, многу грозно. Расизмот е грозен“, изјави Меркел синоќа во интервју за германската медиумска куќа ЗДФ (ZDF).

Меркел не го критикуваше отворено начинот на кој претседателот на САД, Доналд Трамп, раководи со ситуацијата поврзана со масовните протести низ таа земја.

Изразувајќи загриженост поради сѐ поголемата поларизација на американското општество, Меркел изрази надеж дека ќе дојде до социјално помирување во самата држава.

„Расизмот отсекогаш бил присутен во општеството и, за жал, и ние го имаме тој проблем. Треба сите прво да изметеме пред своите врати“, порача Меркел.

САД е сцена на масовни протести поради полициската бруталност манифестирана во текот на приведувањето на Џорџ Флојд во Минеаполис во американската сојузна држава Минесота.

Флојд е приведен откако наводно се обидел да плати со фалсификувана банкнота од 20 долари во локална продавница. Видеоснимки на бруталното приведување се објавени на социјалните мрежи. На нив се гледа како полицајците му ставаат лисици и го легнуваат на земја, додека еден од нив, Дерек Чаувин, со колено му застанува на врат. Полицајците подоцна тврдеа дека се спротивставувал на приведувањето.

И покрај тоа што Флојд на неколкупати вели дека не може да дише, полицаецот не го поместува коленото од неговиот врат. За кусо време Флојд ја загуби свеста, но полицаецот ја задржа истата положба кон жртвата. Флојд починал откако бил пренесен во болница.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın