свет, Коронавирус

Гувернерот на Њујорк ги повика демонстрантите да направат тест за Ковид-19

- „Бидете одговорни, направете тест“, изјави гувернерот, додавајќи дека граѓанска должност на демонстрантите е да направат тест за Ковид-19

Servet Günerigök  | 05.06.2020 - Обновена : 05.06.2020
Гувернерот на Њујорк ги повика демонстрантите да направат тест за Ковид-19

ВАШИНГТОН 

Гувернернот на Њујорк, Ендру Куомо, денеска ги повика демонстрантите кои протестираат поради смртта на Џорџ Флојд, да направат тест за Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).

Зборувајќи на дневниот брифинг, Куомо изјави дека околу 30.000 луѓе учествувале во протестите на кои се бара правда за убиството на невооружениот Афроамериканец во полициско насилство.

20.000 од вкупниот број на демонстранти учествуваа на собири во Њујорк.

„Ова се големи бројки“, изјави Куомо, додавајќи дека граѓанска должност на демонстрантите е да направат тест за Ковид-19.

„Бидете одговорни, направете тест“, изјави гувернерот,

На протестите, демонстрантите и полицијата се соочуваа лице в лице и не ги почитуваа мерките за физичко дистанцирање, додека Ковид-19 продолжува да одзема животи низ САД.

Во САД од епидемијата на Ковид-19 починаа 108.000 лица, а заразени се повеќе од 1,8 милион други, според податоците на Универзитетот „Џонс Хопкинс“.

Бруталното апсење на Флојд се случи на 25 мај во Минеаполис и предизвика масовни протести низ САД на кои демонстрантите го осудуваат полициското насилство и расизмот.

Афроамериканецот Џорџ Флојд (46) беше уапсен откако наводно се обидел да користи фалсификувана банкнота од 20 долари во локална продавница. Видеоснимките од бруталното приведување, на кои се гледа како полицајците му ставаат лисици и го спуштаат на земја, а едниот од нив го притиска коленото врз вратот на Флојд, беа објавени на социјалните мрежи. Полицајците тврдеа дека тој се спротивставил на приведувањето.

И покрај тоа што Флојд во неколку наврати вели дека не може да дише, полицаецот не го крева коленото од неговиот врат. Набргу потоа Флојд ја губи свеста, но полицаецот ја задржува истата положба врз жртвата. Флојд починал набргу откако бил пренесен во болница.

Неговите последни зборови „Не можам да дишам“ станаа слоган на протестите низ државата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.