свет

Амнести интернешнел тврди дека САД убиле 14 цивили во Сомалија

- Меѓународната организација за човекови права побара да се отвори истрага за цивилните жртви при воздушните напади на САД во Сомалија.

Tufan Aktaş  | 20.03.2019 - Обновена : 21.03.2019
Амнести интернешнел тврди дека САД убиле 14 цивили во Сомалија

АДИС АБЕБА

Меѓународната организација за човекови права (Амнести интернешнел) истакна дека 14 цивили ги загубиле своите животи при 5-те воздушни напади на САД во Сомалија во период од октомври 2017 до декември 2018 година, јавува Anadolu Agency (AA).

Во извештајот на организацијата под наслов „Тајната војна на САД во Сомалија“, се истакнува дека при воздушните напади на територијата на Долен Шабел, чиј голем дел е под контрола на терористичката организација „Еш-Шебап“, загинале цивили, а исто така имало и повредени цивили.

Во извештајот стои дека при воздушните напади на САД загинале 14 цивили, а 8 лица се повредени и дека „сето тоа се тврди со убедливи докази“ од 5 различни настани.

„Со овие напади можно е да биле прекршени меѓународните закони за човековите права, а некои од нив може да претставуваат дури и воени злосторства“, се вели во извештајот.

Исто така, во извештајот стои дека доказите неколку пати биле приложени во Африканската команда на САД (AFRICOM), но Командата одбила дека има цивилни жртви. Организацијата од американската Влада, земајќи ги предвид доказите, побара да се спроведе непристрасна истрага.

Во соопштението на АФРИКОМ, дадено веднаш по извештајот на „Амнести интернешнал“, се истакнува: „Како резултат на нашата истрага во ниту еден од воздушните напади на АФРИКОМ немало никакви цивилни жртви, ниту пак повредени цивили.“

„Командата од јуни 2017 година во Сомалија реализираше 110 воздушни напади, при што се убиени 800 терористи“, се вели во соопштението и се додава: „Милитантите на Еш-Шабаб често користат лажни информации за тоа дека има цивилни жртви.“


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın