Yasin Yorgancı
18 Август 2025•Ажурирај: 18 Август 2025
АНКАРА (АА) - Американскиот сенатор Крис Ван Холен тврди дека претседателот Доналд Трамп е „повторно измамен“ од рускиот претседател Владимир Путин за време на состанокот во Алјаска на 15 август, известува Анадолу.
Како гостин во емисијата „This Week“ на „Еј-би-си њуз“, демократскиот сенатор Ван Холен даде оценка на средбата Трамп - Путин.
„Трамп повторно е измамен од Путин. Путин беше пречекан со црвен тепих на американска почва. Но, немаше прекин на огнот, ниту пак, имаше блиска средба меѓу Путин и (украинскиот претседател Владимир) Зеленски“, рече Ван Холен.
Ван Холен рече дека санкциите што Трамп ги воведе пред состанокот се „отфрлени настрана“ и нагласи дека Трамп бил пофален и од Путин.
Сенаторот Ван Холен нагласи дека Конгресот и Сенатот треба да работат на закон со кој ќе се воведат санкции кон Русија и Путин.
Тој смета дека Путин имал една цел на ум пред состанокот и дека не се откажал од таа цел. Во разговорот тој тврдеше дека Трамп „не можел да го постигне“ примирјето на кое се надевал, што го направило состанокот „победа“ за Путин.
Трамп и Путин одржаа тричасовен состанок во Анкориџ, Алјаска, на 15 август, по кој американскиот лидер објави дека е постигнат значителен напредок, но не е постигнат конечен договор.