свет

Американскиот претставник за Авганистан, Халилзад: „Мирот во Авганистан е сѐ уште возможен“

„Таквата шанса е повторно пред Авганистанците и само од нив зависи како тоа ќе се заврши“

Büşra Selvi Öğütcen  | 28.04.2021 - Обновена : 29.04.2021
Американскиот претставник за Авганистан, Халилзад: „Мирот во Авганистан е сѐ уште возможен“

АНКАРА (АА) - Американскиот специјален претставник за Авганистан, Залмај Халилзад, изјави дека воспоставувањето на мирот во Авганистан е сѐ уште возможно, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Халилзад тоа го изјави за време на брифингот на Комисијата за надворешни односи во американскиот Сенат.

Истакна дека одлуката за наскорото повлекување на американските сили од Авганистан е логична, бидејќи се покажало дека судирите не можат да се решат со постојана вооружена борба.

Американските медиуми јавуваат дека Халилзад понатаму истакнал дека Авганистан има избор со преговорите да постигне политичко решение или да остане во повеќедецениска војна.

„Таквата шанса е повторно пред Авганистанците и само од нив зависи како тоа ќе се заврши“, изјави Халилзад.

Американскиот претседател Џо Бајден неодамна соопшти дека ќе ги повлече сите американски сили од Авганистан најдоцна до 11 септември оваа година, а Халилзад изјави дека не верува оти талибанското движење ќе ја преземе власта во таа земја.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.