Ekip
22 Јуни 2020•Ажурирај: 23 Јуни 2020
БОГОТА
Американскиот музеј на природна историја во Њујорк од својот влез ќе ја отстрани бронзената статуа на поранешниот претседател Теодор Рузвелт, поради критиките дека таа симболизира расизам и колонијална експанзија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Бронзената статуа која се наоѓа на западниот влез во Музејот во Централ Парк од 1940 година го прикажува Рузвелт на коњ, а до него стојат американски староселедец и Африканец.
„Американскиот музеј на природна историја побара да се отстрани статуата на Теодор Рузвелт затоа што експлицитно ги прикажува црномурните и домородните луѓе како потчинети и расно инфериорни“, рече градоначалникот Бил де Бласио во изјавата вчера.
„Градот го поддржува барањето на музејот. Тоа е вистинска одлука и вистинско време да се отстрани оваа проблематична статуа“, рече Де Бласио.
Иако статуата „требаше да го слави Рузвелт како посветен натуралист и автор на дела од природната историја, „исто така кажува и за расната хиерархија за која музејот и членовите на јавноста одамна сметаат дека се вознемирувачки“, се вели во соопштението објавено на веб-страница на музејот.
Во соопштението издадено од Музејот се вели дека тие се спротивставуваат на составот на статуата, а не на Рузвелт, кого музејот ќе продолжи да го почитува.
„Таткото на Рузвелт беше еден од основачите на музејот, а музејот е горд на историското здружување со семејството Рузвелт“, се вели во соопштението. Всушност, салата на биолошката разновидност на музејот ќе биде именувана по Рузвелт.
Градските и музејските официјални претставници со години дискутираат за отстранување на статуата. Но, кампањата против статуи, која произлегува од движењето Животите на црномурните луѓе се важни, го донесе разговорот повторно на дневен ред.
Претседателот Доналд Трамп се спротивстави на отстранувањето на статуата. „Смешно, не го правете тоа!“ напиша Трамп утринава на Твитер.
Сè уште не е утврдено кога ќе се отстрани статуата на Рузвелт и каде ќе биде дислоцирана.