Hakan Çopur
07 Јули 2017•Ажурирај: 08 Јули 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Министерот за надворешни работи на САД, Рекс Тилерсон, на 10 јули ќе престојува во посета на Кувајт, на разговори за дипломатската криза меѓу Катар и одредени земји од Заливот, јавува Anadolu Agency (AA).
Од канцеларијата на шефот на американскиот државен секретаријат соопштено е дека Тилерсон патува во Кувајт на повик на емирот на оваа земја, шеик Сабах Ахмед Џабир Aл-Сабах.
Претходно е соопштено дека Тилерсон на 7. и 8. јули ќе престојува во Хамбург, на Самитот Г-20, потоа ќе ја посети Украина, а на 9. и 10. јули ќе престојува и во посета на Турција.